Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сноуден ги разби теориите на заговор дека ФБИ ја фаворизира Хилари

Сноуден ги разби теориите на заговор дека ФБИ ја фаворизира Хилари

Едвард Сноуден им се спротистави на републиканците кои се дел од кампањата на Доналд Трамп. Тие тврдеа дека постои заговор од Џејмс Коми, директорот на ФБИ кој ја напуштил истрагата за новооткриените 650 илјади мејлови поврзани со Хилари Клинтон во кои можеби има информации за кривични дела. 

Наводно не е возможно да се прочитаат и проверат сите тие пораки за само 8 дена колку траеше истрагата и дека истата намерно е прекината пред изборите за да не се влијае врз резултатите и растот на анкетите на Доналд Трамп кој направи камбек од изгубена позиција. 

Според Сноуден кој и самиот има искуство во безбедносните агенции, постои систем за пребарување на вкрстени податоци во мејловите преку субјектот, испраќачите и примачите и дека со вклучување на ботови просечна компјутерска машина може да ги извлече податоците од огромниот број на мејлови за неколку часа најмногу. 


Слично

Поврзани вести