Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сноуден е новиот интернет херој или американски предавник?!

Сноуден е новиот интернет херој или американски предавник?!

Тајните информации и податоците од телефоните на американските граѓани, како и преносот на доверливи информации од страна на девет водечки интернет компании, меѓу кои Google и Facebook ги објави 29 годишниот Едвард Сноуден, пренесе британскиот „Гардијан“.

Сноуден изјави дека на јавноста и се должи објаснување, дека мотивите на луѓето кои стојат зад ова работа се надвор од секаков демократски модел. Кога моќта на владата излегува од рамките тоа е опасно за демократијата.

Исто така Сноуден во видео интервјуто објавено за интернет изданието на „Гардијан“ додава дека не се вистинити наводите дека програмите биле безбедни. Тој потенцираше дека на секој аналитичар во секое време може да има за цел некого. Секој селектор. Секаде. Каде овие комуникации ќе бидат собрани зависи од степенот на мрежата и авторитетот на аналитичарот. Но, Сноуден имал право да прислушкува секого, од обичните граѓани до сојузнен судија, па дури можел и претседатлот, доколку ја имал неговата лична меил адреса.

Поради деликатноста на ситуацијата, тој заминал за Хонг Конг уште на 20 мај оваа година и се уште е таму во хотел. Хонг Конг има договор за екстрадиција со САД, а Пекинг може да блокира екстрадација само ако смета дека тоа е поврзано со националната безбедност или има проблеми од надворешнополитички карактер.

Во видео интервјуто Сноуден вели дека тој се надева дека ќе може да обезбеди азил во Исланд, бидејќи таму има слобода на интернетот.

Американски официјални претставници сметаат дека овие откривања се опасни и неодговорни. Членот на Комитетот за домашно разузнавање Питер Кинг побара Сноуден веднаш да биде екстрадиран од Хонг Конг.

Претходно американскиот претседател Барак Обама ги бранаше контратерористичките методи, наведувајќи дека американците ќе треба да изберат и да балансираат меѓу приватноста и безбедноста. Според Обама, таквите програми биле строго контролирани и авторизирани од Конгресот. Откако Сноуден призна, американското министерство за правда соопшти дека овој случај е во почетна фаза на истрагата за кривично дело, неовластено објавување тајни информации. „Гардијан“ објави дека Сноуден работел за Националната безбедносна агенција четири години и тоа по договор за надворешни компании како „Буз Хамилтон“ и „Дел“.

На крајот на минатата недела од Британскиот весник „Гадијан“ направија две големи истраги. Според едната се смета дека американскиот суд наредил на телекомот Verizon да поднесува до Агенцијата за национална безбедност (NSA) логови на телефонските разговори на своите корисници. Ова ги вклучува броевите и двата телефони во разговорот, времетраењето, времето кога е спроведено, датумот и локацијата.

Потоа следеше откритие дека и деветте водечки интернет компании меѓу кои и Facebook, Google, Microsoft и Yahoo, а во последно време и Skype, поднеле проект со податоци за корисниците, кој се вика PRISM.

Но, лидерите на компаниите негираа вакво нешто и истакнуваат дека не дале пристап на американската Влада кон нивните сервери.

Слично

Поврзани вести