Сноуден: Британските служби ги користат смартфоните за следење
Поранешниот соработник на американската „Агенција за национална безбедност“ (АНС) Едвард Сноуден изјавил дека британската разузнавачка служба „Центар за владини комуникации“ (ЦПК) може да продира во смартфоните без знаење на нивните сопственици и да ги користи уредите како средства за следење.
Сноуден изјавил во интервју за „ББЦ“ дека „ЦПК“ може да добие пристап до даден телефон, и да испрати до него криптирана порака, за да го користи за прислушување и снимање, пренесе „Mediapool“.
Според него „ЦПК“ и „АНС“ имаат инвестирано значителни средства во технологиите кои овозможуваат да се продира во смартфоните и да се управува нивното вклучување и исклучување, да се следи локацијата на оној кој го користи телефонот, да се прислушува сè што се случува наоколу, дури и кога уредот е исклучен, бидејќи крипираните телефони од службите имаат начини кој им овозможуваат да го вклучат.
Откако ќе добијат пристап до телефон, тие можат да гледаат на кого се повикува соодветниот човек, што пишува во текстот на пораки, што бара на интернет, какви места посетил, дури можат и да го фотографираат, изјавил Сноуден.
Тој го опиша „ЦПК“ како Филијалата на „АНС“ која ја обезбедува технологијата, и ги доделува задачите и водените активности.
Според него главните цели на следење се луѓе осомничени за тероризам или други злосторства.
