Сноуден бара амнестија од Обама пред да ја напушти Белата куќа
Најпознатиот „ликстер“ на класифицирани информации во историјата на САД, Едвард Сноуден, ќе побара амнестија од претседателот Барак Обама пред да му заврши мандатот во ноември. Од Белата куќа засега не коментираат дали претседателот ќе ги разгледа овие барања, но барем од досегашното искуство одобрување на амнестија не е возможно.
Сноуден смета дека ако се врати во САД нема да добие фер судење бидејќи е обвинет за шпионажа, наместо за откривање на државни тајни во име на јавниот интерес, но таква одбрана воопшто не му е дозволена на суд. На Сноуден му се заканува и смртна казна доколку биде прогласен за предавник на интересите на САД и затоа ако не добие амнестија ќе остане во Русија каде му е гарантиран азил.
Слично
