Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снимките од црните кутии на „Ер Алжир“ се неупотребливи!

Снимките од црните кутии на „Ер Алжир“ се неупотребливи!

Истражувачите кои работат на утврдување на причината за падот на авионот „Ер Алжир“, кој се сруши на 24 јули на северот од Мали со 118 патници и членови на екипажот, соопшѕиле денеска дека не успеале да ги прочитаат снимките од црните кутии.

„Снимките се малку оштетени. Не можевме да ги преслушаме. За жал, снимките засега се неупотребливи“ изјавил Реми Жути од Агенцијата за безбедност во сообраќајот, пренесува агенцијата АФП.

Француските официјални лица претходно соопштија дека најверојатно причина за пад на авионот се лошите временски услови, но не се исклучува можноста и за терористички напад. Црната кутија е пронајдена ден после несреќата, на местото на падпт на авионот во регионот Госи, близу границата со Буркина Фасо.

Меѓу патниците имаше 51 французин, 27 државјани на Буркина Фасо, најмалку 20 либанци, седум Алжирци, како и државјани на Канада, Украина и Луксембург а сите шест членови на екипажот биле Шпанци, пренесува АФП, повикувајќи се на наводите на алжирско радио и шпанско здружение на пилоти.

Слично

Поврзани вести