Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНИМКАТА Е АВТЕНТИЧНА: Макрон се објасни за шлаканицата што ја доби од сопругата

СНИМКАТА Е АВТЕНТИЧНА: Макрон се објасни за шлаканицата што ја доби од сопругата

Францускиот претседател Емануел Макрон се огласи за виралната снимка на која неговата сопруга Брижит му удира шлаканица.

„Само се шегувавме“, кажа Макрон. 

Претседателот им рече на новинарите дека тој и неговата сопруга, со која е во брак од 2007 година, откако се запознале кога тој бил средношколец, а таа му била наставничка едноставно „се шегуваат“.

Настанот се случи непосредно пред да се симнат од претседателскиот авион по пристигнувањето во Виетнам за да ја почнат турнејата низ Југоисточна Азија.

Насловот на веб-страницата на дневниот весник „Ле Паризиен“ гласеше: „Шлаканица или брачна кавга?

На видеото на АП, снимено во неделата во Ханој, се гледа униформиран маж како ја отвора вратата од авионот, додека претседателот Макрон, во костум, разговара со лице кое не е видливо во кадарот.

Во следниот момент, две раце со црвени ракави се протегаат кон Макрон и го туркаат подалеку – едната рака му ја покрива устата и дел од носот, додека другата му ја допира вилицата. Макрон се повлекува назад и ја свртува главата. Кога сфати дека го снимаат, се насмевна. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести