Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ ПУСТОШИ ВО ЕВРОПА, А ЗЕМА И ЖРТВИ: На сила црвено предупредување, се затвараат училишта, спасувачки екипи се на терен во овие земји

СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ ПУСТОШИ ВО ЕВРОПА, А ЗЕМА И ЖРТВИ: На сила црвено предупредување, се затвараат училишта, спасувачки екипи се на терен во овие земји

Делови од северозападна Европа се соочија со ефектите од последната во серијата бури во Атлантикот што донесе дожд или снег на веќе заситеното тло вчера, додека северна Скандинавија доживеа екстремно студено време.

Во северниот дел на Франција, спасувачките тимови помогнаа да се евакуираат жителите од поплавените домови во градот Арк во департманот Па де Кале, регион поплавен по втор пат во два месеци по обилните врнежи.

За неколку часа се очекуваат нови 20-40 милиметри дожд, а црвеното предупредување укажува дека реката Арка е блиску до излевање.

Фериботот кој патувал од Норвешка до Данска со околу 900 патници не можел да се закотви во Копенхаген поради невремето и чекаше ветерот да стивне.

Во Норвешка, јужниот град Кристијансанд најави затворање на училиштата и откажување на јавните автобуси поради обилниот снег. Истата бура, наречена Хенк од двете страни на Северното Море, донесе бури и обилни врнежи во делови од Англија и Велс во вторникот, предизвикувајќи прекин на струја, прекин на железницата и затворање на големи патишта поради поплави.

Една 59-годишна жена почина во вторникот во белгиската провинција Источна Фландрија, откако ја удри ограда што беше урната за време на обилните дождови во земјата, изјави во средата локалниот гувернер Карина Ван Котер.

Во Шведска се измерени -43 степени

Арктичкото село Квичок забележа ноќна температура од -43,6 степени Целзиусови, што е најстудениот јануари во Шведска во последните 25 години, објави шведскиот метеоролошки институт.

Скијач пронајден мртов во лавина во Финска

Во Лапонија, северна Финска, една жена исчезна во снежна бура додека скијаше во вторникот, а подоцна беше пронајдена мртва во лавина.

Потрагата по нејзиното дете продолжила и во средата, соопшти финската полиција, пренесува Јутарњи.хр.


Слично

Поврзани вести