Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ШВЕДСКА: Илјада возила „заглавија“ на патиштата

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ШВЕДСКА: Илјада возила „заглавија“ на патиштата

Поради снегот во Шведска „заглавија“ илјада возила, а војската помага. 

Многу луѓе речиси 24 часа беа „заглавени“ на патиштата, а војската им носеше храна и вода. Непрооден во двата правци беше делот меѓу градовите Хорби и Кристијанштад.

Портпаролката на полицијата Евелина Олсон изјави дека владее  хаос. Како што објасни, проблемот е што снегот паднал толку многу што по половина час чистење, патот повторно бил затрупан.  Меѓу спасените е и Ерика Сепелиоваите, која за порталот Афтонбладет изјавила дека таа, нејзините две деца и нивното куче биле спасени по 19 часот. Малин Јохансон рече дека таа и нејзиниот партнер повремено го палат автомобилот за да го загреат.

Автобуските и железничките услуги утрово беа прекинати во регионот Скане, кој се наоѓа на југот на Шведска. Надлежните повикаа да се избегнува патување ако тоа не е неопходно.  Времето е екстремно студено во Шведска, Финска и Норвешка, а поради снежните наноси вчера беа заглавени и возачи на автопатот кај данскиот град Архус. Температурите се спуштија и до минус 40 степени. Во Франција и Германија имаше поплави. 

Слично

Поврзани вести