Снежна покривка има во Турција
Снег заврна во Турција. Во источниот дел на округот Ван падна снег.
Снег веќе падна во областа на популарниот турски ски-центар Паландокен во источниот округ Ерзурум, јави агенцијата Анадолија.
Снег предизвика потешкотии на возачите на патиштата во високите места во источна Турција, а од машините за чистење снег веќе работат, пренесе БТА повикувајќи се на турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Снежните врнежи и маглата го отежнаа сообраќајот на превојот Карабет на надморска височина од три илјади метри. Надлежните ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни.
Врнежи од снег на повисоките места и обилни врнежи од дожд во пониските области беа пријавени и во Хакјари, југоисточна Турција. Бела покривка се формира и на врвовите на локалната планина Сумбил.
