СНЕЖНА ЛАВИНА ЗАТРУПА ЛУЃЕ ВО АВСТРИЈА - Ситуацијата е опасна за спасувачите, во потрагата се вклучени и хеликоптери
Во снежната лавина што утрово се случи во долината Ектал во Тирол спасени се четири лица, а се сомнева дека под снегот останале затрупани уште 18 лица.
Најмалку едно лице загина во лавина во Тирол, Австрија.
Лавината започнала околу 11 часот во општината Вент им Нидертал во правец на Мартин Буш Хут, јавија локалните медиуми.
Во тек е голема спасувачка операција. По затрупани луѓе се трага со кучиња трагачи и хеликоптери.
Иако, според првите информации на австриските медиуми, беше објавено дека се затрупани 18 лица, официјална бројка колку точно луѓе се под снегот не е познато. Некои од сомнежите се дека бројот на затрупани е помал, и дека под лавините има шест лица.
Познато е дека досега се спасени четири лица, кои се однесени на опсеравација и кои биле во добра состојба.
Сепак, големината на несреќата не е точно позната, бидејќи службите за итна помош во моментов не можат да пристигнат на местото на несреќата од безбедносни причини.
Исто така, итните служби се фокусирале на евакуација на планинари на пат кон колибата Мартин Буш, пишува „Кронен цајтунг“.
Фото: Принтскрин/Твитер
