Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕЖНА БУРА НА ЕЛБРУС ОДНЕСЕ ВО СМРТ 5 АЛПИНИСТИ: Спасувачките екипи ги нашле прeмрзнати и со искршени коски

СНЕЖНА БУРА НА ЕЛБРУС ОДНЕСЕ ВО СМРТ 5 АЛПИНИСТИ: Спасувачките екипи ги нашле прeмрзнати и со искршени коски

Пет алпинисти загинаа откако биле зафатени од снежна бура од -20 степени на руската планина Елбрус - највисоката планина во Европа. Четири жени и еден маж загинале во близина на врвот на Елбрус во Русија. Некои биле пронајдени од спасувачите замрзнати, со скршени коски. Уште 18 туристи - аматерски алпинисти и водич биле спасени во екстремни услови. Единаесет преживеани биле пренесени во болница.

Меѓу починатите е и Ана Макарова (36) од Јакутск, која била во „совршена физичка форма“, но починала во рацете на планинскиот водич Игор Данков, откако одеднаш и се слошило во тие ужасни услови, вели изворот.

- Тоа беше моментот кога се крена навистина силен ветер, а притисокот во воздухот опадна. Ана побара од водичот да ја спушти, Игор и даде чај и амонијак, но таа почина 40 до 60 минути откако рече дека не се чувствува добро, наведуваат руските медиуми.

Двајца од групата „замрзнаа до смрт“, а другите „изгубија свест“ во ненадејни тешки услови од минус 20 степени пред воопшто да може до нив да стигнат спасувачките тимови

Групата руски алпинисти вчера околу 17 часот по локално време испратиле повик за помош, но само дел од нив биле спасени.


Слично

Поврзани вести