Снежна блокада има во повеќе европски земји
Неколку европски земји се под снег. Германија и Велика Британија под снежна блокада. Снег има и во Белгија и Данска. Повеќе од десетина возачи ја минале ноќта во возила заробени во снег на автопат во северозападна Германија, а во Велика Британија поради снежни врнежи, некои центри за вакцинација против коронавирусот се затворени.
Блокиран е автопатот кај германскиот град Билефелд поради обилни снежни врнежи во изминатите 48 часа, а повеќе камиони се превртени па автопатот е затворен во двата правци. Возачите поминале околу 16 часа во возилата при студено време. Во централниот дел на Германија дошло до блокада на патиштата поради снегот.
foto EPA-FOCKE-STRANGMANN
Слично
