Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕМУВА НЕОН НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР: Нов удар врз индустријата на чипови - автомобили ќе нема и ќе се уште поскапи

СНЕМУВА НЕОН НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР: Нов удар врз индустријата на чипови - автомобили ќе нема и ќе се уште поскапи

Инвазијата на Русија во Украина може да доведе до пад на производството на неон, критичен гас во напредното производство на полупроводници и да го доведе до загрижувачки ниски нивоа во време кога светот веќе се бори со недостиг на чипови.

Неонот е потребен за ласерите што се користат во процесот на производство на чипови познат како литографија, каде што машините резбаат шаблони на ситни парчиња силикон направени од Samsung, Intel и TSMC.

Според Питер Ханбери, аналитичар за полупроводници во истражувачката компанија Bain & Co повеќе од половина од неонот се производува во компании во Украина, најмногу во Ингас со седиште во Мариупол, како и Cryoin и Iceblick, кои се со седиште во Одеса.

Фирмите не одговорија веднаш на барањето на CNBC за коментар, но веќе е јасно дека Ингас и Криоин ги прекинале своите активности во последните недели поради нападите од руските сили, пренесе Ројтерс.

Со оглед на тоа што водечките светски украински фирми ги затворија своите операции, производството на неон сега ќе падне драстично а ситуацијата ќе се влошува со секој ден плус од конфликтот. 

Врз основа на проценките на консултантската компанија Techcet, светската потрошувачка на неон за производство на полупроводници достигна приближно 540 метрички тони минатата година. Со оглед на тоа што Украина произведува повеќе од половина од светскиот неон, бројката би можела да падне под 270 метрички тони во 2022 година, доколку производителите на неон во земјата останат затворени.

„Од материјалите што се користат во производството на чипови кои би можеле да имаат удар за нивното снабдување од конфликтот во Украина, неонот е тој што претставува најголем потенцијален предизвик“, изјави Ханбери за CNBC преку е-пошта.

Тековниот глобален недостиг на чипови веќе предизвика хаос во синџирите на снабдување и доведе до долги одложувања на производите како што се новите автомобили и конзолите за игри како PlayStation 5.

Неонот е нуспроизвод на големото производство на челик.

Се произведува по фракционата дестилација (процес на хемиско одвојување) на течен воздух, што е воздухот што е изладен на многу ниски температури.



Слично

Поврзани вести