Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снегот предизвика сообраќаен хаос во Германија

Снегот предизвика сообраќаен хаос во Германија

На најфреквентниот германски аеродром во Франкфурт, денеска поради снегот откажани се околу 200 летови, а патниците мораат да бидат подготвени на чекање и откажување на летови, јавија денеска германските медиуми.

Освен во Франкфурт, постојат проблеми и на аеродромите во Минхен и Берлин, како и нешто помали задоцнувања во Лајпциг.Само во Франкфурт денеска домашниот авио-превозник „Луфтханза“ откажа околу 140 летови на внатрешните и дестинанциите ширум светот.

Во Минхен медиумите јавуваат за околу 200 откажани летови и за препораките на „Луфтханза“ дека патниците во домашниот сообраќај сега користат железница.

Авионскиот билет, како што се наведува, може да се користи при железничкиот превоз.

Зимата и снегот во германскиот главен град, Берлин, предизвика откажани летови и доцнење во авиосообраќајот

Слично

Поврзани вести