Снегот не престанува-Европа парализирана
Обилни снежни врнежи кои погодија повеќе делови од Европа, предизвикаа бројни проблеми во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај во Франција, Германија и Велика Британија. Според јавувањата на Франс прес 40 отсто летови поради снегот биле откажани на аеродромите „Шарл де Гол“ и „Орли“, додека дел од аеродромите во земјата се целосно затворени. Метрото во Париз и понатаму работи, но биле откажани сите автобуски линии, а нешто подоцна и возовите.
Околу 260 летви пак вчера беа откажани на лондонскиот аеродром „Хитроу“ поради снег и лоша видливост, 20 отсто од вкупниот број на секојдневни летови. Во Велика Британија според најавите на метеоролозите се очекува снежни врнежи во текот на целата недела.
Слично
