СНЕГ ЗАТРУПА ГРАД: САД и Канада под снежно невреме
Снежно невреме го затрупа градот Ери во Пенсилванија.
Вакво нешто досега во градот не се случило.
Снегот го прекри целиот град, но и околината, а многу жители не можеле да излезат од дома. Полицијата ги предупреди сите возачи дека возењето е невозможно и дека сите патишта се непроодни.

135 сантиметри снег паднале за само едно деноноќие во овој град за Божиќ, поради што се прогласени вонредна состојба и елементарна непогода.
Чикаго е окован од мраз, а властите отвориле места за загревање.
Поголем дел од САД е под снег. Делови од езерото Мичиген се замрзнати.
И Канада е под снег, а дува и ветер со брзина од 120 км на час.
Слично
