Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕГ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС! Не виделе белина од 1989, необично невреме ја погоди Калифорнија

СНЕГ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС! Не виделе белина од 1989, необично невреме ја погоди Калифорнија

Необично невреме ја погоди Калифорнија, снег падна и во Лос Анџелес што е вистинска реткост.

Зимската бура што ја погоди американската сојузна држава Калифорнија, остави многумина без струја, поплавени и затворени автопати и плажи, пишува Би-Би-Си.

Повеќе од 120.000 луѓе, од кои многумина во Лос Анџелес, се без струја по неколкудневните силни ветрови. Главниот автопат на западниот брег, Interstate 5, останува затворен во планинскиот регион познат како Grapevine.

Ветерот урна дрвја и далноводи

Силниот ветер урна дрвја и далноводи. Сите плажи денеска беа затворени неколку часа поради удар на гром во Лос Анџелес, соопштија властите. Поради временските услови, некои летови беа приземјени во областа. Во Орегон, северниот сосед на Калифорнија, во една област е прогласена вонредна состојба како мерка на претпазливост.

На почетокот на оваа недела снег падна дури и во Лос Анџелес, а локалните жители беа воодушевени од необичните снежни врнежи околу HOLLYWOOD знакот на планината Ли. Сан Франциско во петокот ја забележа најниската температура (4 степени Целзиусови) во последните 132 години.

ФОТО: Twitter

Слично

Поврзани вести