Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снег во Германија: Автомобилски колони од 600 километри, стотици откажани летови

Снег во Германија: Автомобилски колони од 600 километри, стотици откажани летови

Најмалку 50 летови изутринава се откажани поради снег на најфреквентниот  германски аеродром во Франкфурт. Состојбата е слична и во Берлин и на другите германски аеродроми, јавија германските медиуми.

Во Северна Рајна Вестфалија која важи за најбројната германска покраина со над 18 милиони жители,  регистрирани се  колони возила во вкупна должина од 600 километри, што претставува рекорд за оваа година.

Денешните снежни врнежи предизвикаа голем метеж во сообраќајот низ цела Германија, додека аеродромските власти во Франкфурт соопштија дека не можат да дадат проценка за тоа каква ќе биде ситуацијата до крајот на денот во однос на откажаните летови.

Слично

Поврзани вести