Снаодливоста му го спасила животот и нему и на неговиот тригодишен син
Илан и неговиот тригодишен син се затекнале во продавницата во моментот кога се одвивала заложничката драма во Париз во која Амеди Кулибали држеше поголем број заложници.
Снаодливоста му го спасила неговиот но и животот на неговото тригодишно дете.
Напаѓачот убил четири лица уште при самиот упад во локалот, а Илан увидувајќи што се случува го завиткал својот син во јакна и заедно со него влегол во еден фрижидер во кој имало уште три други лица.
По пет часа поминати во студената комора, полицијата успеала да влезе во продавницата и да го елиминира напаѓачот, а како што пренесуваат медиумите и во овој случај како и во заложничката драма во печатницата во која заложник држеа браќата Куаши, клучна улога одиграл мобилниот телефон.
Мајката на Илан го дала бројот од мобилниот телефон на својот син на полициските сили и врз основа на разменетите пораки полицијата точно ја дознала положбата за заложниците во продавницата.
Слично
