Снајперисти го штитат Путин во Хановер
Доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во Хановер, Германија каде со германската канцеларка Ангела Меркел ќе го отворат Саемот за технологија е под силни безбедносни мерки.
Маритим Гранд Хотел, каде што ќе преноќи рускиот претседател се наоѓа „под опсада“ од руските и германските безбедносни служби во униформа, но и во цивилно, а на околните згради се наоѓаат и снајперисти, јавуваат медиумите, повикувајќи се на сигурни извори.
Според полициските информации во градот на кратко ќе бидат затворени улиците, но не се очекува тоа да предизвика проблеми во сообраќајот. Путин вечерва со Меркел ќе го отворат саемот, на кој Русија е земја партнер и до утре ќе истане во Хановер.
Германски политичари и организации за заштита на човековите права бараат јасни пораки од Русија, а многу организации најавија и протести пред саемот во Хановер, кој е најголем во светот.
Путин во Хановер останува до утре, а германските коментатори јавуваат дека освен протести и критики го очекува и црно вино со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој денес го слави 69-тиот роденден.
Слично
