Економија, финансии, бизнис

Контакт

СМС ЗА АГРЕСИВЕН РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ, НАМЕСТО БОЖИКНА ЧЕСТИТКА: Каква грешка направи болница за стотици пациенти

СМС ЗА АГРЕСИВЕН РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ, НАМЕСТО БОЖИКНА ЧЕСТИТКА: Каква грешка направи болница за стотици пациенти

Медицинскиот центар „Askern Medical Practice“ во Англија, ден пред Божиќ, преку СМС сакал да им го честита Божиќ на своите пациенти, но наместо честитка, по грешка испратиле дијагноза за агресивен, неизлечив рак на белите дробови.

Дури по еден час пациентите добиле уште една порака во која болницата се извинува за грешката и овој пат навистина им го честита Божиќ, пишува магазинот Феникс.

-Кога ја прочитав пораката почувствував гадење и колабирав. Кога го добив текстот од Медицинскиот центар Аскерн во Донкастер, помислив, тоа е тоа, имам рак - изјавила Сара Харгривс, на која неколку дена претходно и отсраниле бемка и ги чекала резултатите од тестот.

На стотици од околу 8.000 пациенти во центарот им е кажано дека имаат агресивен, метастатски рак на белите дробови кој не може да се лекува.

За среќа, се покажа дека пораката е испратена по грешка, а вистинските божиќни честитки пристигнаа дури еден час подоцна.

„Извинете за претходната порака“, се вели во друга порака што се појави на екраните еден час подоцна, „таа е испратена по грешка. Всушност треба да гласи: „Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова Година“. Во случај на итност контактирајте на 111“, велат од болницата.


Слично

Поврзани вести