Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смртта на Арман Солдин е воено злосторство, Франција отвори истрага

Смртта на Арман Солдин е воено злосторство, Франција отвори истрага

Франција отвори истрага за воено злосторство за смртта на новинарот Арман Солдин кој вчера загина во Украина. 

Веста ја соопшти француското антитерористичко обвинителство. Истрагата им е доверена на службениците на Централното биро за борба против злосторства против човештвото и злосторства од омраза и има за цел да ги утврди околностите под кои настапила смртта на францускиот новинар роден во Сараево. Новинарот е роден во Сараево во Босна и Херцеговина (БиХ). 

На 21 март тој беше со тимот на АФП во градот Краматорск, источна Украина, прославувајќи го својот 32 роденден. Неговата смрт го погоди и Борис Џонсон, поранешниот британски премиер. Новинарот доби посмртно признание од високи украински функционери. Лани и годинава повеќе новинари, домашни и странски загинаа во Украина. 

Слично

Поврзани вести