СМРТОНОСНИ СУДИРИ ВО КАЗАХСТАН: Меѓу жртвите е и едно дете
Едно дете почина од прострелна рана, а друго е повредено за време на немирите во Алмати, објави казахстанскиот правобранител за правата на децата, додека претседателот на државата 10 јануари го прогласи за Ден на национална жалост.
„Според Народниот правобранител за правата на децата, Арујан Саин, едно дете починало од прострелна рана во Алмати на 5 јануари“, се вели во соопштението.
Исто така, 15-годишникот вчера бил префрлен во една од детските болници во Алмати со тешки прострелни рани.
Во меѓувреме израелски државјанин е убиен во насилните протести кои го потресоа Казахстан, соопшти денеска израелското Министерство за надворешни работи.
22-годишниот Израелец бил убиен вчера во Алмати со огнено оружје. Тој во Казахстан живеел последните неколку години, пренесува Ројтерс.
Фото EPA