Смртоносни градилишта: Стотици градежници загинале на фудбалските стадиони во Катар?
На градилиштата на стадионите за фудбалскиот Мундијал во Катар, за две години животот го загубиле 382 Непалци, од кои само минатата година - 185, тврди лондонскиот весник „Гардијан“.
Весникот се обидува да ги алармира официјалните претставници на Меѓународната фудбалска федерација под итно да преземат чекори за спречување на натамошните несреќи на градилиштата во Катар.
„Гардијан“ во септември минатата година информира за катастрофалните услови во кои живеат сезонските работници на градилиштата во Катар. Најголем дел од овие работници доаѓаат од Непал. Само во периодот од 4 јуни до 8 август лани, 44 Непалци го загубиле животот како последица на неподносливата жештина и лошите услови за работа, тврди „Гардијан“.
Светското фудбалско првенство во Катар ќе се оддржи во 2022 година.
Слично
