Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смртоносен вирус молскавично се шири во Eвропа

Смртоносен вирус молскавично се шири во Eвропа

 Дваесетина заболени од опасниот вирус Зика се регистрирани ширум Европа. Овој вирус кој го пренесуваат комарци многу брзо зема глобални размери, а до сега во Европа регистрирани се заболени во оландија, Велика Британија, Италија, Данска, Шведска и Швајцарија.

Шефицата на Светската здравствена организација Маргарет Чан изјави дека вирусот Зика „експлозивно се шири“ и повика на итен состанок на независни експерти да одлучат дали епидемијата треба да се прогласи за меѓународна здравствена вонредна состојба.

СЗО предвидува дека три до четири милиони луѓе ќе бидат инфицирани во Америка оваа година, иако повеќето нема да развијат симптоми.

Овој вирус до сега е дијагностициран во тропските предели на Арика, Јужна и Северна Америка, на југот од Азија и на западниот Пацифик.

Вирусот Зика, кој се шири од комарци од сортата „aedes aegypti“, е осомничен како главен виновник зад бранот од вродени дефекти кај новороденчиња во Бразил. Некои трудници заразени од овој вирус родиле бебиња со сериозно недоразвиен мозок и глава.

Слично

Поврзани вести