Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смртноста од коронавирусот урива рекорди во Нов Зеланд

Смртноста од коронавирусот урива рекорди во Нов Зеланд

Смртноста од коронавирусот руши рекорди во Нов Зеланд. 

Омикрон сојот ја „покоси“ постарата возрасна група. Во последните 24 часа починале уште 26 лица, сите на возраст над 60 години. За една недела до 16 јули, од вирусот починале 151 пациент, а во најлошата недела од претходниот бран во март годинава, починале 115 луѓе.  Под притисок се клиниките за општа пракса, итните служби и болниците.  Владата во Нов Зеланд сепак не воведува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, а Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските затоа што децата се враќаат на училиште следната недела по распустот. Претходно, Нов Зеланд имаше строги мерки за заштита од коронавирусот. За само неколку случау имаше затворање на градови. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести