СМРТНИ НЕПРИЈАТЕЛИ: Зошто борците на ИСИС најмногу се плашат од жени
Припадниците на Исламската држава најмногу се плашат од жени – тврдат курдските жени-борци кои војуваат против терористите на северот во Сирија.
Женската одбранбена единица, на курдската единица за народна заштите е основана од пред три години, а до сега брои над 10 000 доброволци.
Една од нив е и 21-годишната Телхеден која за Си-Ен-Ен раскажува зошто женската воена единица има предност во борбите против ИСИС.
„Според нивната екстремистичка идеологија, џихадистите веруваат дека ако ги убие жена никогаш нема да одат во рајот. Затоа и толку се плашат од нас” – вели Телхеден.
Девојката со воено име кое на курдски јазик значи „одмазда”, тврди дека неодамна тие успеале да ги истераат џихадистите од градот Ал-Хоул.
Таа се заколна дека ако ниеден припадник на ИСИС што ќе се обиде да се врати на оваа територија, нема да излезе жив.

