Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смртен случај во Данска по примена вакцина на АстраЗенека: Властите ја суспендираа употребата

Смртен случај во Данска по примена вакцина на АстраЗенека: Властите ја суспендираа употребата

Здравствените власти во Данска и Норвешка денеска соопштија дека привремено ја прекинале употребата на вакцините против Ковид-19 од АстраЗенека по извештаите за згрутчување на крвта кај некои кои биле вакцинирани.

Ваков чекор следи откако Австрија престана да ја користи оваа вакцина од британско-шведскиот производител заради истрага на смртен случај кај кого имало нарушувања на коагулацијата во крвта и белодробна емболија, пишува денеска Ројтерс.

Данските здравствени власти соопштија дека одлуката на земјата да ја прекине вакцинацијата со АстраЗенека во период од две недели откако 60-годишна жена во Данска, која беше вакцинирана со АстраЗенека од истата серија што се користеше во Австрија, формираше тромб и почина.

-Во моментов не е можно да се заклучи дали има ова има некаква поврзаност. Дејствуваме навремено и тоа треба темелно да се испита “, напиша министерот за здравство, Магнус Хеунике на Твитер.


Слично

Поврзани вести