Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смартфон со ликот на Путин

Смартфон со ликот на Путин

Руска компанија специјализирана за изработка на модели на мобилни телефони, пуштила посебна колекција на iPhone 7 за роденденот на Владимир Путин, кој денеска ќе наполни 64, пишува електорнното издание лента.ру. 

Уникатите наречени Supremo Putin Damascus, се 64 и се украсени со орнаменти кои ги красеа сечилата на мечевите од Дамаск челик. На позадината е портретот на првиот човек на Русија. 

Дизајнот на телефонот е достапен во две варијанти: во титаниум палета и со апликација од злато. Уредите се изработени со обем на меморијата од 128 и 256 гигабајти. Цената почнува од 207.000 рубљи за верзиите со жолто злато и достигнуваат до 232.000. 

По повод роденденот пратениците од државната Дума одлучија да му испратат кошница со 450 рози на Путин. Розите се 450, бидејќи толкав е бројот на пратениците во Државната дума. 

Слично

Поврзани вести