Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случајот Едвард Сноуден ја бранува Европа, ништо од азилот за службеникот на ЦИА

Случајот Едвард Сноуден ја бранува Европа, ништо од азилот за службеникот на ЦИА
Викиликс објави дека Едвард Сноуден побарал азил во 21 држава, но денеска осум од европските земји, меѓу кои Германија и Шпанија, го одбија ваквото барање. Покрај Австрија, Финска, Германија, Ирска, Норвешка, Полска, Шпанија и Швајцарија, барањето за азил на Сноуден, го одбила и Индија.Претходно поранешниот службеник на ЦИА, Сноуден го повлекол барањето  од Русија, по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, дека земјата ќе го прифати ако престане да нанесува штета на американските партнери.Случајот со агентот  кој на медиумите им откри постоење на тајна американска програма за шпионирање ПРИЗМА, сега може да го реши само Русија и дека исходот на оваа ситуација ќе зависи од калкулациите на Москва и нејзините интереси, пренесуваат светските медиуми.
Сноуден моментално е во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, а како што тврдат високи руски владини претставници, тој никогаш не ја преминал руската граница. Во меѓувреме стигна најава дека земјите од ЕУ во четврток во Брисел ќе ги разгледаат тврдењата дека Вашингтон ги шпионира своите сојузници, пренесоа европските медиуми потпирајчи се на високи дипломатски извори. Според изворите, ќе се настојува по ова прашање да се формулира заеднички став, за што претходно денеска повика францускиот претседател Франсоа Оланд во разговор со Далија Грибаускаите, претседателката на Литванија, земја која моментално претседава со Унијата. Медиумските тврдења дека американската Национална безбедносна агенција ги прислушувала канцелариите и амбасадите на ЕУ предизвикаа сериозна вознемиреност во Унијата.
Слично

Поврзани вести