СЛУЧАЈ НА СИЛУВАЊЕ ЈА ШОКИРА ГЕРМАНИЈА: Жртвата е малолетно 11-годишно девојче
Двајцата млади 19-годишни
момчиња кои го силуваа 11-годишното девочје во Германија се осудени на две и на
четири години затвор. Според обвинението, двете момчиња го намамиле девојчето
во станот на еден од нив и го силувале. По малтретирањето, несреќното девојче
успеало да побегне и да повика полиција.
Во петокот, судот во Улм им изрече затворкски казни за силување на двајца млади мажи пишува магазинот Феникс.
Еден 19-годишник е осуден на две години и девет месеци затвор за тешка сексуална злоупотреба на малолетник, додека друг 19-годишник е осуден на четири години затвор за истото дело и давање отпор на полициските службеници.
Адвокатите на двајцата 19-годишници бараа ослободителна пресуда за еден од обвинетите и тригодишна затворска казна за другиот.
Судењето беше затворено за јавноста поради малолетната жртва, иако медиумскиот интерес во Германија беше голем.
ФОТО: YOUTUBE/SCREENSHOT/DW DEUTSCH
