Словенија пред банкрот
Банкрот до крајот на годината и се заканува на Словенија, ако новата влада го запре проектот за санација на банките, предупреди Јанез Јанша, за чија влада минатата недела се изгласа недоверба, но до избори на нова ќе ги врши тековните државни работи.
- Ако Словенија не ја продолжи санацијата на банкарскиот систем, до крајот на оваа година ќе банкротира и ќе биде принудена да прифати услови за добивање на меѓународна финансиска помош - тврди Јанша.
Според некои оценки, укажува агенцијата Хина, лошите кредити во словенечкиот банкарски систем се една петтина од националниот БДП, а најголеми се во банките во кои државата е мнозински сопственик.
Слично
