Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија ја праќа армијата на границата

Словенија ја праќа армијата на границата

Парламентот на Словенија и даде дополнителни овластувања на армијата да ја чува границата, за да биде совладан бегалскиот поток. Владата побарала и финансиска помош од Европската унија.

Во последните пет дена земјата беше преплавена од близу 20 илјади мигранти кои доаѓаат од Хрватска на патот кон Австрија и Германија.

Армијата ќе биде распоредена таму, каде силите на граничната полиција се недоволни. Претседателот Борут Пахор побарал и помош од Брисел: „Во разговорот со претседателот на Европскиот совет дојдовме до заклучок дека барањето на Словенија за дополнителни полициски сили од Европската унија по нашите граници ќе биде одобрен од Европската комисија, ќе биде одобрено и нашето барање за финансиска помош“.

Движењето и сместувањето на имигрантите се врши организирано, но Словенија нема доволно капацитет да преземе толку многу луѓе. Засега Австрија се согласила да дозволи едвај 4.500 имигранти на своја територија.

Слично

Поврзани вести