Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија и Шпанија-најпроблематични членки на ЕУ

Словенија и Шпанија-најпроблематични членки на ЕУ
Европската комисија предупреди дека Шпанија и Словенија мора брзо да се зафатат со надминување на проблемот со макроекономскиот дебаланс, соопшти БиБиСи. Шпанскиот банкарски сектор веќе добил пакет за спас за докапитализација на финансиски институции, а се очекува дека наскоро и Словенија ќе биде следната што ќе побара таква помош. Од ЕК објавија дека ови две држави во моментов се во најкритична состојба меѓу 13-те држави членки на ЕУ, кои во моментов се подложени на мониторинг. Од Брисел повикаа Шпанија да изготви програма за решителни реформи до крајот на месецов. „Нерамнотежата во обврските, невработеноста и растот ќе предизвикаат штета на долг рок,  додека над половина од Шпанците под 25-годишна возраст нема да можат да најдат работа", истакнуваат од Комисијата. „Нашите граѓани сеуште ја плаќаат цената за неразумното трошење во минатото", се нагласува во соопштението на ЕК. Од Брисел истакнаа дека е незавидна положбата на словенечките банки. Оттаму велат дека се потребни "итни политички активности". Новиот премиер на Словенија Аленка Братушек, вчера објаснуваше дека словенечката влада работи "деноноќно" за да се спаси банкарскиот систем на земјата. Останатите 11 земји-членки на ЕУ, кои се соочуваат со макроекономски дебаланс, се Бугарија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Унгарија, Малта, Холандија, Финска, Шведска, и Велика Британија.
Слично

Поврзани вести