Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словачкиот претседател не сака плата!

Словачкиот претседател не сака плата!

Андреј Киска, новиот словачки претседател  кој беше избран во саботата, денеска се откажа од платата на шеф на државата за целиот петгодишен мандат, јави ИТАР-ТАСС.

Во својата предизборна кампања независениот кандидат Киска, кој е бизнисмен и филантроп, вложи лични средства во износ што го надминува сето тоа што тој ќе го заработи како плата во својот претседателски мандат.

Претседателот на Словачка добива плата од 6.000 евра, а годишниот приход на Киска од неговите инвестиции во различни фондови изнесува околу 700.000 евра.

Киска во Словачка го сметаат за ново лице во политиката. Но, тој од 2006 година е добро познат како филантроп и донатор. Неговиот хуманитарен фонд „Добриот ангел“ од тогаш им има помогнато на околу 5.000 деца, кои се лекуваат од онколошки заболувања.

Киска беше избран за претседател во вториот круг од изборите, со над 59 проценти од гласовите, победувајќи го својот соперник, премиерот Роберт Фицо.

Слично

Поврзани вести