Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВАЧКИОТ ТАЈКУН КУРТУЛИ: Обвинителството не успеа да докаже дека наредил убиство на новинарот Куцијак

СЛОВАЧКИОТ ТАЈКУН КУРТУЛИ:  Обвинителството не успеа да докаже дека наредил убиство на новинарот Куцијак

Судот во Словачка го ослободи тајкунот Маријан Кочнер од обвиненијата дека наредил убиство на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница, пренесува Би-Би-Си.

Убиството на новинарот во Словачка предизвика масовни протести и доведе до пад на владата на тогашниот премиер Роберт Фицо.

Поранешниот војник Мирослав Маржек е осуден на 23 години затвор во април годинава за учество во убиството.

Но, судот пресуди дека обвинителството не успеало да докаже дека Кочнер и третообвинетиот го наредиле убиството. Нивните ослободителни пресуди денеска ги објави судот денес во Пезинок, град северно од главниот град Братислава, а обвинителството објави дека ќе се жали на одлуката.

За потсетување, Јан Куцијак ја истражуваше корупцијата и активностите на Маријан Кочнер, богат претприемач и трговец со недвижнини. Тој и неговата вереница беа застрелани во нивната куќа во близина на Братислава во февруари 2018 година.

Слично

Поврзани вести