Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словачка се затвора

Словачка се затвора

Словачка од утре се затвора поради Ковид-19. 

Владата одлучи земјата да е затворена во следните две недели поради зголемениот број на новозаразени. 

„Од четврток, 25 ноември, во Словачка ќе биде воведен „локдаун“ низ целата држава“, изјави вицепремиерот Рихард Сулик.

Властите оценија дека земјата ја губи битката против Ковид-19 и оти е потребно заклучување за сите граѓани.

По Австрија, и Словачка воведе карантин за невакцинираните граѓани. 

Светската здравствена организација(СЗО) оцени дека стотици илјади луѓе зимава ќе починат од коронавирусот. Оваа прогноза е за Европа, каде вирусот брзо се шири. 

Слично

Поврзани вести