Словачка-лидер во производство на патнички автомобили
Од минатата година Словачка стана најголем светски производител на патнички автомобили по глава на жител.Како што пишува словачкиот весник „Правда“, во трите фабрики за автомобили во Словачка која има пет милиони жители, лани биле произведени речиси 927 илјади возила. Ова во однос на претходната година е раст на производството од две петтини.
„ Минатата година на илјада жители во Словачка се произведени 171 автомобил“, соопшти Јарослав Холечек, претседател на Сојузот на автоиндустријата во земјата .
Нејзиниот сосед Чешка пак го зазема второто место. Таму има 10,5 милиони жители, а производството на патнички автомобили на илјада жители изнесува 111 возила, пишува „Правда“.
Во Словачка свои фабрики имаат германскиот „Фолксваген“, корејската „КИА“ и францускиот „Пежо Ситроен“.
