Словачка ќе ги прифати бегалците само ако се христијани
Словачка ќе прифаќа бегалци од Сирија, но само ако се христијани, изјавил Иван Метик од министерството за внатрешни работи. Братислава е на такво мислење, бидејќи муслиманите „не би можеле да се чувствуваат како дома“.
Во согласност со плановите на Европа за распределба на 40 000 нови бегалци Словачка треба да го прифати 300 лица од привремено распоредени во Италија, Грција и Турција.
Агенцијата за бегалски прашања на ОН ги повика земјите од ЕУ да се воздржат од каква и да е дискриминација во реализирање на програмата за преселување. Метик ја негира одлуката на словачката влада дека има знаци за дискриминација. Според него одлуката е донесена, за да не се наруши хармонијата во односите меѓу различните заедници кои живеат во земјата. Во интервју за „БиБиСи“ тој изјавил: „Сакаме да и помогнеме на Европа за решавање на проблемот со имигрантите, но за бегалците ние сме само транзитна земја, тие не сакаат да останат да живеат кај нас. Ние би можеле да прифатиме 800 муслимани, но во нашата земја нема ниту една џамија. Како ќе се интегрираат муслиманите?“. Аника Бреисард, претставник на Еврокомисијата одби да го коментира ставот на властите во Братислава, но истакна дека во земјите од ЕУ е забранета секаква форма на дискриминација.
Во јули земјите од ЕУ се согласија да прифатат 32 000 бегалци, кои стигнале до Италија и Грција во изминатите две години. Шемата за раселување на бегалците била доброволна, откако дел од земјите, вклучувајќи ја и Словачка, одбија да ги прифатат бегалците по развиена квота од ЕУ .
Бројот на имигранти, кои се трупа по границите на ЕУ, достигна во јули 107 000 луѓе. Повеќето од нив се од Сирија, Авганистан и Африка а бегаат од нестабилноста во нивните земји.
Од почетокот на годината низ Медитеранот преминале над 240 000 луѓе. Имигрантите доаѓаат до бреговите на Италија и Грција, а оттаму се префрлени во други европски држави. Најмногу бегалци во ЕУ прифаќа Германија. Германските власти претпоставуваат дека оваа година во нивната земја ќе има до 800 000 мигранти кои сакаат да добијат азил. Овие бројки се многу повисоки од поднесените во 1992 година 438 000 барања за бегалски статус, кој се случи во екот на босанската криза.
