Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словачка ќе го скрати работното време за да отвори нови работни места

Словачка ќе го скрати работното време за да отвори нови работни места
Словачката левичарска влада на Роберт Фиц разгледува предлог да се намали работното време по пример на земјите од западна Европа, со цел создавање на нови работни места. Математиката, според нив, е едноставна. Кога работното време, кое со 40,9 часа неделно е едно од најдолгите во целата Европска унија, би се скратило само за еден час, би овозможило отворање на 30.000 нови работни места. Така барем тврдат словачките синдикати, кои се согласуваат со владата на Роберт Фиц. Претседателката на сојузот на синдикати, Емили Махина, смета дека кога сегашниот број на вработени еден час дневно помалку, фирмите би можеле да примат уште работници.
Слично

Поврзани вести