Словачка и Италија резервирани во однос на новиот европски данок на трансакции
И Словачка заедно со Италија изрази резервираност во однос на новите даноци на финансиските трансакции кои се договорени во Европската Унија. Според најавите, Словачка која учествува во зајакнатата соработка, ќе се обиде да воведе неколку изземања.
Чешка и Велика Британија пак најавија дека ќе се трудат за измени однадвор. Прво данокот на финансиските трансакции требаше да функционира во сите земји на ЕУ, но некои од членките беа против и 11 членки од еврозоната одлучи да биде воведен нов данок самостојно во рамки на режимот на зајакната соработка.
Оригиналниот предлог предвидува дека оданочувањето во висина 0,1 проценти во трговија со обврзници и акции и 0,01 посто за деривати ќе ги вклучува сите финансиски трансакции во кои најмалку една од страните живее во една од единаесетте земји. Минатиот месец, Италија не се согласи со тоа во оданочувањето да бидат вклучени трансакциите со државните обврзници, а наскори и се приклучи Словачка. Словачкото Министерство за финансии ќе настојува од одданочувањето да бидат изземени не само државните обврзници, туку и пензиските системи и некои од нефинансиските компании. Во Чешка овој данок наиде на критики од страна на премиерот Петр Нечас, кој стравувајќи дека може да ги погоди и земјите кои нема да го прифатат во тој контекст најави и можност на тужба во Европскиот суд на правдата.
Слично
