Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словачка го презема кормилото на претседателството со ЕУ

Словачка го презема кормилото на претседателството со ЕУ

Денес Словачка го превзема од Холандија ротирачкото претседателство на Европската унија во рамките на следните шест месеци.

Премиерот Роберт Фицо ги најави приоритетите во рамките на словачкото претседателство.

Фицо истакна дека го поддржува пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната и дека Словачка нема да ја прекине правната постапка против бегалските квоти на Европската комисија, но ќе бара решение во својство на посредник.

Според него социолошките истражувања го докажуваат несогласувањето меѓу мнозинството од граѓаните на Европската унија со оваа европска имиграциска политика и таа треба да се промени.

Тој додаде дека го почитува правото на Велика Британија да ја напушти Унијата, како и тоа на Шкотска да ја дефинира сама иднината.

Слично

Поврзани вести