СЛОБОДНО ШЕТАЈТЕ САМИ ВО НОЌТА: Ова се најбезбедните земји!
На никој не му е пријатно сам да шета во ноќта, посебно кога се најде во странство.
Можеби ова истражување ќе ви помогне во планирање на вашето следно патување. Истражувањето на организацијата Галуп покажа дека Норвешка е најбезбедна земја на светот.
Таму луѓето најсигурно се чуствуваат кога сами шетаат во ноќта. 86 одсто од Норвежаните велат дека немаат страв од уличен криминал, дури и кога се најдат во некоја мрачна улица.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Independent/status/693004412512391168?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]На второ место, како што пренесува британски Индепендент е Шпанија каде 85 одсто од луѓето се чуствуваат безбедно, а Велика Британија е на трето место. Следат Ирска, САД, Франција, Јапонија и Австралија.
На дното на листата се наоѓаат Турција, Италија, Русија, Мексико и Бразил. Само 36 одсто од Бразилците се чуствуваат безбедно додека во ноќта се движат низ улиците на својот град.
