Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слободната трговија се повеќе се ограничува?

Слободната трговија се повеќе се ограничува?
Во последната година протекционизмот продолжува да го тресе светот. Само од октомври 2008 година до денес биле доделени 150 забрани , а уште 700 биле предложени за воведување , се наведува во извештајот на Европската комисија (ЕК ) , пренесе CNBC . Додека за 12 месеци до мај 2013 година новите 154 рестрикции сведочат за забавување на трендот на годишна основа , ЕК објави дека има  раст на воведување трговски мерки за ограничување на трговијата, главно оние што се применуваат директно на границата , во форма на увозни давачки . „Сите ние треба да се држиме до нашата заедничка идеја и да се бориме против протекционизмот . Загрижувачки е што сеуште се користат толку многу рестриктивни мерки и во пракса не се отстранети " , коментира Европскиот комесар за трговијата Карел де Гухт. „Пред многу време Г-20 постигнаа договор за избегнување на протекционистички мерки , бидејќи , како што сите знаеме , тие го поткопуваат заздравувањето на светската економија на долг рок. ", додава тој. ЕК додава уште и дека растечките економии усвоиле најмногу рестриктивни мерки и го опишуваат процесот како „ впечатлива појава " . Бразил , Аргентина , Украина и Русија воведено најмалку ограничуваеа во делот на трговските тарифи. Бразил се издвојува најмногу , бидејќи овде се околу една третина од ограничувањата поврзани со владините набавки и намерна одбрана на домашното производство од странската конкуренција . ЕК смета дека комерцијалните ограничувања ќе имаат негативно влијание врз експанзијата и ќе го забават глобалното закрепнување. Извештајот доаѓа откако САД и Велика Британија  прават заеднички обиди до крајот на 2014 година да ги финализираат преговорите за најголемиот трговски договор за слободна трговија .
Слично

Поврзани вести