Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЛОБОДНА ПАЛЕСТИНА, СРАМ, СРАМ ИЗРАЕЛ“ – СВЕТОТ ЕЧИ: Над 100.000 во центарот на Лондон, протести и во Рим, Сиднеј, Малезија...

„СЛОБОДНА ПАЛЕСТИНА, СРАМ, СРАМ ИЗРАЕЛ“ – СВЕТОТ ЕЧИ: Над 100.000 во центарот на Лондон, протести и во Рим, Сиднеј, Малезија...

Повеќе од 100.000 демонстранти се собраа во главниот град на Велика Британија во знак на солидарност за Палестина и да побараат итен прекин на израелското бомбардирање на Газа, по ненадејниот терористички напад на Хамас на 7 октомври, пренесува Sky News.

Бројката ја соопшти Метрополитен полицијата која објави дека над 100.000 демонстранти се собрале во попладнево на протестот на пропалестинскиот марш во центарот на Лондон, повикувајќи на прекин на израелското бомбардирање на Газа.

Поворката се движела од Marble Arch до Whitehall и до Parliament Square.

Луѓето биле со транспаренти на кој пишувало „Слободна Палестина“, а било развиорено и џиновско палестинско знаме.

Собирот се одржа кога граничниот премин Рафа беше отворен - овозможувајќи хуманитарната помош да помине од Египет во Газа. Пратките со помош беа опишани како „спас“ од страна на министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли - иако официјални лица на ОН велат дека тие се недоволни за справување со „катастрофата“ што се случува во Газа.

Демонстрантите во главниот град бараа прекин на израелските воздушни напади врз Газа, по ненадејниот терористички напад на Хамас на 7 октомври.

Британската престолнина ечеше од скандирањата: „од река до море, Палестина ќе биде слободна“ - и покрај контроверзите околу значењето на слоганот.

Слоганот беше означен како антисемитски од страна на министерката за внатрешни работи Суела Браверман - која тврди дека оваа порака е разбрана како повик на уништување на Израел.

Еврејските организации побараа од обвинителите да разјаснат дали извикувањето на паролата е кривично дело.

Но, бранителите на слоганот велат дека тоа е „долгогодишно протестно скандирање“ кое повикува на татковина за палестинскиот народ.

Метрополитен полицијата рече дека бележи огромен пораст на антисемитските и исламофобични злосторства од омраза од почетокот на октомври. Војната предизвика протести низ арапскиот свет и пошироко, со толпи кои се собраа во Либан, Ирак, Јордан, Турција и Египет, како и во Индонезија, Малезија, Јужна Африка, Австралија.

Се маршираше и во Рим денеска каде протестантите држеа пароли на кои пишуваше: „Палестина, Рим е со тебе“ и „Нема мир додека не добиеме слобода“.

Во Австралија, илјадници луѓе се собраа во центарот на Сиднеј, извикувајќи „срами се, срами се Израел“ и „Палестина никогаш нема да умре“.

И во Њујорк, демонстранти маршираа до канцеларијата на американската сенаторка Кристен Гилибранд во Менхетен, многумина извикуваа „прекин на огнот сега“. Демонстрантите се собраа и пред израелската амбасада во Мексико Сити, палејќи свеќи и извикувајќи „слободна Палестина“.

Според властите во Газа, повеќе од 4.300 луѓе се убиени на територијата од избивањето на последната војна. Повеќе од 1.400 се убиени во Израел - главно цивили за време на нападот на 7 октомври. Според израелската војска загинале најмалку 307 војници.

Официјални лица на Хамас соопштија дека најмалку 345 Палестинци се убиени во последните 24 часа, а седум болници не може да функционираат откако биле погодени во воздушните напади.

ФОТО:  EPA-EFE/ANDY RAIN

Слично

Поврзани вести