Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слободата на Субрата Рој зависи од Кина?

Слободата на Субрата Рој зависи од Кина?
Дали Субрата Рој ќе излезе од затвор зависи од одлуката на Банката на Кина. Оваа банка треба да даде одобрение за продажба на хотелите што Групацијата Сахара ги поседува во Лондон и Њујорк за да може Рој да обезбеди пари за исплата на кауцијата. Индискиот Врховен суд ја прифати продажбата на хотелите Гросвенор Хаус во Лондон и Плаза во Њујорк, едни од највредните имоти на Сахара, како начин да се обезбедат пари за кауција. Но, додека продажбата не биде завршена Рој ќе мора да остане во притвор. Групацијата Сахара позајми од Банката на Кина 912 милиони долари за да ги купи хотелите, а од овие пари се уште должи 831 милиони долари. Затоа првите луѓе на кинеската банка имаат клучен збор при одлуката да се продаде имотот. Во 2010 година Рој го купи Гросвенор Хаус за 720 милиони долари, а во 2012 њујоршкиот хотел Плаза го чинеше 575 милиони долари. Сега за двата хотела тврди дека веќе има заинтересирани купувачи, кои можат да му ги обезбедат потребните пари за кауција во Индија. Банката на Кина е една од најразгранетите и меѓународно најраспространети кинески банки во светот, која има клиенти во Кина, Хонг Конг, Тајван и во уште 38 земји.
Слично

Поврзани вести