Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сликите и сведочењата од Украина се ужасни, Израел остро ја осуди Русија

Сликите и сведочењата од Украина се ужасни, Израел остро ја осуди Русија

Израел за првпат ја обвини Русија за воени злосторства. 

Шефот на дипломатијата, Јаир Лапид остро ја осуди Русија за, како што изјави, „воените злосторства“ во Украина. Вели дека сликите и сведочењата од Украина се ужасни.

„Руските сили извршија воени злосторства против цивилното население без одбрана. Остро ги осудувам овие воени злосторства“, рече Лапид.

Претходно денеска израелскиот премиер Нафтали Бенет ги осуди убиствата на цивили во украинскиот град Буча. 

Западот остро го осуди масакрот во Буча, и ќе има уште една серија санкции кон Русија. 

И градот Бородјанка во Украина е целосно уништен во борбите меѓу руските и украинските сили. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести