Слика од Обама со исламски лидер криена 13 години
Фото репортерот Аскија Мухамед цели 13 години ја чувал во тајност фотографијата направена од Барак Обама со исламскиот лидер Луис Фаракан. Средбата меѓу Обама и Фаракан се одржала во 2005 година на состанок на членовите на Конгресот на САД од пратеничката група на афро-американци.
Мухамед не сакал фотографијата да ја објави бидејќи сметал дека може да ја загрози политичката кариера на Барак Обама кој би бил ставен во негативен контекст од страна на американската републиканска опозиција која често шири исламофобски ставови.
Да потсетиме дека актуелниот претседател Доналд Трамп со години го обвинуваше Обама дека е роден во Кенија со што тој бесправно победил на изборите бидејќи според американскиот Устав кандидатот за претседал мора да биде роден на територија на САД.
Обама покажа извод од родените според кој е нотирано дека тој е роден и е пораснат на Хаваите од мешан брак на афроамериканец и белкиња, а има потекло од Кенија.
