Следниот самит на ЕУ ќе биде посветен на борбата против затајување на данок
Борбата против затајување на данок ќе биде на дневен ред на следниот самит на Европската унија што ќе се одржи на 22 мај, изјави денеска претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј.
Според Ромпуј целта на иницијативата е „да се собере политичката инерција за справување со прашањето“.
Тој наведе дека поради затајување на даноците ЕУ годишно губи околу едем трилион евра, што создава „сериозен проблем за земјите кои имаат потреба од ресурси за да ги зајакнат државните финансии“.
Слично
