Следниот руски напад ќе биде побрутален, вели лидерот на британските воздухопловни сили
Војната во Украина е во „неизвесност“ затоа што руската војска „се ресетира и позиционира“ пред нешто што може да биде „уште побрутална“ офанзива, изјави командантот на британските воздухопловни сили (РАФ) Мајк Вигтон за Sky News.
„Сите информации што ги добиваме од нашите доушници ни кажуваат дека Русија се репозиционира за нов напад. Тоа потенцијално би можело да биде уште побрутален, варварски, па дури и нелегален напад од сè што сме виделе досега“, рече Вигтон.
„Русите се ресетираат и очекуваме да се вратат и Украина да ја почувствува целата сила на рускиот напад“, додаде тој.
Тој додаде дека персоналот на РАФ е подготвен да префрли оклопни возила во Украина доколку министрите одобрат таква одлука: „РАФ и јас сме подготвени да направиме се што ќе одлучи британската влада за да и помогне на Украина.
„Се размислува за испраќање противбродски ракети“
Британскиот Тајмс објави дека Британија планира да испрати тешко оклопни патролни возила од типот Мастиф за да и помогнат на украинската армија да се транспортира до бојното поле.
Запрашан дали Западот треба да ја вооружи Украина со противбродски ракети за да може да се бранат на брегот на Црното Море, Вигтон рече дека тоа „се разгледува“, но додаде дека одлуката е на политичките лидери.
